Маж и жена, државјани на Германија по потекло од Косово добија условна казна од две години затвор, ако за време од пет години не сторат ново кривично дело и се протерани од земјава во траење од пет години, бидејќи на 22 февруари сакале да ја напуштат државава со лажни ПЦР тестови.
На граничните власти при излез од земјата тие им покажале потврди за лажни негатовни резултати на ПЦР тест, издадени од лабораторија во Скопје.
Откако признале, по обвинение за кривично дело „фалсификување исправа“, судот им ги изрекол казните.
Изминатиот месец се зголемија случаите на откривање на лица кои со лажни ПЦР тестови сакаат да ја напуштат државата.