Dark Mode Light Mode
Стана секојдневие: Од 193 казнети возачи 29 возеле без дозвола
Претседателот на Кривичен суд Скопје за Мијалков: За притворот одлучивме за 3,5 часа, а можевме до понеделник
Ковид-центри во Скопје: Нови 24 пациенти за 24 часа, вкупно се 248

Претседателот на Кривичен суд Скопје за Мијалков: За притворот одлучивме за 3,5 часа, а можевме до понеделник

Од моментот кога во судот пристигна барањето за домашен притвор на Сашо Мијалков до издавањето на судското решение поминаа само три и пол часа и тоа е најбрз можен рок во кој Кривичниот суд одлучлил, изјави денеска претседателот на Скопска единица Иван Џолев, на прашањето зошто се чекало толку време за судот да издаде решение за домашен притвор на Мијалков.

-Согласно законските одредби рокот е 24 часа, што значи судот можел да одлучува до понеделник до 15 часот, но сметавме дека е итно да се постапи и така е постапено- добивме барање до 15 часот, одлуивме во 18.30, рече Џолев.

Со тоа и тој отфрли вина за исчезнувањето на еден од обвинетите за масовното прислушување во земјава, случај познат како „Таргет-Тврдина“, на кого му немаше ни трага ни глас два дена, за одненадеж да се појави во вторникот попладне пред Обвинителството за организиран криминал за да го подигне решението за домашен притвор, со оправдување дека не знаел дека го бараат и дека поради висока температура бил изолиран на место што не го откри.

Реклама

Изминатите денови сите институции – Обвинителството, МВР и судот отфрлија вина за бегството.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Стана секојдневие: Од 193 казнети возачи 29 возеле без дозвола

Next Post

Ковид-центри во Скопје: Нови 24 пациенти за 24 часа, вкупно се 248

Реклама