Интернет – кафе во скопската населба Бутел вчера е затворено и десет лица се приведени кои биле затекнати внатре при полициска контрола во 22 часот.
Тие биле приведени во Полициската станица Чаир и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, бидејќи објектот работел после 21 часот.