Ако некој со некого се договарал, за што се договарал, да избега или да се врати повторно пред лицето на правдата, кој е тој договор што е правен и со кого бил правен?
Вака министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со контра прашање, му одговори на прашањето на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, кој од собраниската говорница праша: Дали зад бегството на екс-директорот на УБК Сашо Мијалков се крие политички договор.
-Никакви договарања нема и нема да има со кого било, а секој еден што носел какви било одлуки спротивни на закон, спротивни на интересите на граѓаните и на државата, треба во секој момент да излезе пред лицето на правдата и да понесе одговорност, рече Спасовски.
Јанушев рече дека не е задоволен од одговорот и дека не „држат вода“ тезите на Спасовски, нарекувајќи го целиот случај „најскапиот циркуз во државата“.