Dark Mode Light Mode
Шилегов ќе поставува паметни рампи на Кејот кај ГТЦ
Конечно: Обвинение за кумановците уапсени лани – планирале терористички напади како ИСИС
МАНУ се избори да си го сочува името и придавката „македонска“

Конечно: Обвинение за кумановците уапсени лани – планирале терористички напади како ИСИС

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против три лица од Куманово за „терористичка организација“ и „тероризам“.

Тројцата на возраст од 22, 26 и 28 години, според обвинението биле дел од терористичка ќелија со идеолошка матрица на познатата терористичка организација Исламска држава, која еден од нив ја формирал во 2019 година. Освен тројцата во неа членувале уште осум други лица за кои се спроведува истражна постапка од 28.12.2020 година.

Тие планирале едно или повеќе убиства, уништување на јавни објекти, објекти на инфраструктура и објекти за што купиле експлозив, огнено оружје, муниција, гранати, бомби и воена опрема.

Реклама

Тие изработувале импровизирани експлозивни направи и во два наврати од април до август лани ги испробувале во напуштениот објект на поранешниот Хотел „Ку-ба“ во близина на село Проевце, а кај местото Менкова Колиба во близина на Куманово пукале со ракетен фрлач.

Тие веќе се притвор откако беа уапсени лани на крајот на август во антитерористичка акција на МВР и Агенцијата за национална безбедност и Обвинителството бара таа мерка да им се продолжи​.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Шилегов ќе поставува паметни рампи на Кејот кај ГТЦ

Next Post

МАНУ се избори да си го сочува името и придавката „македонска“

Реклама