Возењето без возачка дозвола никако да се искорени од скопските сообраќајници. Полициските патроли во изминативе недели при редовните контроли постојано откриваат и по десетина вакви прекршители но нивниот број никако да се намали.
Ова го потврдуваат и вчера изречените санкции при што од вкупно 193 казнети возачи нив 29 биле санкционирани бидјеќи немале положен возачки испит. Излегува дека секој шести-седми возач нема дозвола.
-Освен ова, 24 возачи се казнети за непочитување на брзина на движење, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 10 санкции за користење на мобилен телефон, седум за возење под дејство на алкохол, пет за некористење сигурносен појас, четири за минување на затворен семафор (црвено светло), пет за прекршоци што ги чинат пешаците, четири санкционирани мотоциклисти и 44 казни за непрописно паркирани возила, соопшто денеска МВР.
Полицијата уверува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Дали и ќе бидат зголемени-засилени, не е соопштено.