Има три термини во кои може да се закаже првиот круг на локалните избори: 3, 10 и 17 октомври, изјави денеска Талат Џафери, претседател на македонскиот парламент.
Тој објасни дека согласно уставните рокови за распишување редовни избори во рок од 70 до 90 дена пред завршување на мандатот на носителите на функции избрани на непосредни избори.
-Со оглед на тоа што 11 октомври е државен празник, 10 октомври не би требало да биде изборен. Согласно уставните рокови изборите треба да бидат распишани во периодот од 5 јули до 8 август, во зависност од тоа кој изборен термин ќе се избере. Од моментот на распишување на изборите почнуваат да течат роковите за спроведување на изборните дејствија.
Во однос на барањата на опозицијата за предвремени парламентарни избори Џафери рече дека се различни правилата за вонредни (парламентарни) и за редовно (локални) избори. За парламентарни избори, како што посочи, независно дали се вонредни или редовни, предвидено е формирање техничка влада 100 дена претходно, што не е случај за локални избори.