Dark Mode Light Mode

Што сакал и правел Гоце Делчев – денеска ќе одлучуваат на мешовитата комисија со Бугарија

Пак ќе заседаваат членовите на мешовитата историска комисија која треба да разгледаат историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија. Според најавите се очекува учебниците за седмо одделение и прашањето за ликот и делото на големиот македонски револуционер Гоце Делчев да бидат ставени „на маса“.

Поради пандемијата средбите ќе се одржат онлајн денеска и утре.

Инаку, членовите на комисијата претходно се состанаа за да разговараат за содржините во македонските учебници по историја за средновековниот период и раноосманлискиот периоди и образовни прашања. Како што информираа копретседателите на комисиите по завршувањето на тој состанок, малку било разговарано за Гоце Делчев и немало никакво поместување во однос на дебатата за заедничко чествување на неговиот лик и дело.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Колку трае кинеската Нова година или пак некој документ ни фали за вакцините?

Next Post

Три термини за локалните избори: 3, 10 и 17 октомври

Реклама