Dark Mode Light Mode

Колку трае кинеската Нова година или пак некој документ ни фали за вакцините?

Февруари полека завршува, а вакцините ветени за овој месец ги нема во Македонија. До каде е работава, ќе дојдат ли?

Уверувањата дека ќе дојдат беа лично од премиерот Зоран Заев. Тој дури и кажа пред две недели дека малку само треба да се почека завршувањето на кинеската Нова година на 18 февруари. Тоа ветување беше охрабрувачко бидејќи четири дена пред неа беше и потпишан конкретен договор за набавка на 200.000 дози од оваа вакцина. Со неа, практично, требаше да стартува и помасовна вакцинација на граѓани во рамките на три определени групи.

Меѓутоа, еве, веќе изминува февруари, а од кинеските вакцини нема ниту најава дека се пакуваат и дека ќе тргнат кон Македонија. Објаснување до каде е испораката нема – ниту од премиерот, ниту од министерот за здравство.

Реклама

До кога ќе се чека не се знае. Исто како што не се знае до каде е испораката на 800.000 договорени дози од „Фајзер“, до каде е испораката на околу 30.000 вакцини на „АстраЗенека“ преку Ковакс-механизмот. Еве, сега се договара и набавка на 100.000 дози на руска вакцина за кои пак не се знае кога ќе бидат испорачани…

Единствено, што се соопштува е дека нашите власти се во „интензивна комуникација“ со производителите. Во таква ситуација, кога секојдневно почна да се зголемува бројот на новозаразени и учеството на британскиот сој на вирусот, граѓаните само се прашуваат: колку трае кинеска Нова година и пак ли е во прашање само некој докумет што фали за да пристигнат и останатите ветени вакцини?

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Талат Џафери: Не е моја одговорност да обезбедувам мнозинство во парламентот

Next Post

Што сакал и правел Гоце Делчев - денеска ќе одлучуваат на мешовитата комисија со Бугарија

Реклама