Dark Mode Light Mode

Филипче: 70 отсто од новозаболените од корона вирусот се со британскиот сој

Кај новозаболените од корона вирусот во 70 отсто од случаите се работи за британскиот сој, изјави денеска Венко Филипче, министер за здравство. Тој рече дека тоа го покажале податоците од лабораторијата во болницата „Филип Втори“.

– Навистина има зголемување на бројот на заболени. Во моментот траат испитувањата на примероците во МАНУ, но во „Филип Втори“ велат дека се работи за британскиот сој во 70 отсто од случаите, рече министерот Филипче.

Според него, зголемен е бројот на заболени, но не ги загрозуваат болничките капацитети, има слободни кревети. 

Реклама

Во однос на набавката на вакцини, Филипче рече дека вчера Владата го овластила да потпише договор за набавка на 100.000 дози руската вакцина. Во контакти со Руската амбасада ќе се прецизира кога тие би стасале во земјава.

За наводно слабиот интерес за вакцинација Филипче вели дека околу 180.000 граѓани се регистрирани во системот „Мој термин“ како хронични болни или на возраст над 70 години. Досега се пријавиле 50-тина илјади за вакцина.

– Битно е дека бројот на здравствени работници кои сакаат да се вакцинираат е голем. За две недели ќе ги вакцинираме сите здравствени работници кои работат во ковид-центрите. Планираме и кампањи и повици преку матичните лекари, како и за секоја вакцина, како на пример при епидемијата со морбили лани, објасно министерот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Сончево со температури до 19 степени

Next Post

Е зошто ќе им даваат нови надлежности и повеќе пари на градоначалниците?

Реклама