Вистинско пролетно време најавуваат синоптичарите за денеска на скопското подрачје. Времето преку цел ден ќе биде сончево при што минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 19 степени.
Во останати краишта од Mакедонија времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
И во наредниве денови ќе продолжи периодот на стабилно време. До сабота ќе се задржи натпросечно топло, а од недела ќе има намалување на температурата за 6 до 8 степени. Од сабота попладне ќе почне да дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, а ќе има и извесно зголемување на облачноста. Топлото време до сабота ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините.