Dark Mode Light Mode

Концерт „Бетовен: Редефиниција“ вечерва во Филхармонија

„Бетовен: Редефиниција“ е насловот на концертот што ќе се одржи вечерва во Филхармонија со почеток во 20 часот. Суштинската енергија е секако во рацете на оркестарот на Филхармонија под диригентската палка на маестро Емил Табаков од Бугарија, додека солистичката улога е на виолинистот Јонијан Илијас Кадеша.

Во концертната програма предвидени се „Варијации на тема од Хајдн“, опус 56 од Јоханес Брамс и Концерт за виолина и оркестарот во Де-дур, опус 61 од Лудвиг ван Бетовен. Последниот премиерно бил изведен во Виена во 1806 година. Ова е единствениот виолински концерт на Бетовен и едно од неговите најлирски дела.

Маестро Емил Табаков е роден 1947 година во Бугарија. Табаков се смета за еден од најзначајните диригенти на овие простори. Има настапувано како гостин-диригент во Австралија, Австрија, Англија, Германија, Данска, Италија, Израел, Канада, Јапонија, Јужна Кореја, Романија, Русија, САД, Сингапур, Холандија и Шведска.

Реклама

Јонијан Илијас Кадеша има грчко-албански корени, а живее во Берлин. Неговата изведба се карактеризира со стилска посветеност и егзактна артикулација во интерпретацијата на дела од сите музички епохи. Кадеша секогаш трага по имагинацијата на звукот, постојано барајќи нови звучни хоризонти.

Напишан е во еден од неговите најкреативни периоди, кога создал многу значајни дела. Му го нарачал виолинистот Франц Клеменет, кој сакал драматично дело за неговиот следен концерт. Бетовен го завршил за кратко време, непосредно пред концертот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ѓорчепетровци: Или ние или урбанистичката мафија, „НЕ“ за 15 нови згради во Ѓорче Петров

Next Post

Сончево со температури до 19 степени

Реклама