Продолжува периодот на стабилно време. Од УХМР најавуваат дека до сабота ќе имаме време со натпросечни температури, по што тие ќе се намалат за шест до осум степени.
Утре максималната температура ќе се движи од 14 до 20, задутре од 15 до 20 степени и во сабота од 15 до 23 степени.
В недела дневните температури ќе паднат и ќе се движат од осум до 16 степени, во понеделник од 7 до 13 и во вторник од 7 до 14 степени.
Од сабота попладне ќе почне да дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, а ќе има и извесно зголемување на облачноста. Топлото време до сабота ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините.