Организација на средношколците „Средношколски глас“, во која се обединети и многу скопските средношколци, не го прифаќа постигнатиот договор меѓу Владата и Сојузот на среднишколците околу начинот на полагањето на државната матура. Во објавата на својата Фејсбук – страница од оваа организација порачуваат дека и натаму ќе се борат за нивните барања.
-По објавата на премиерот и Бленди Ходаи се потврдува катастрофалниот договор за државната матура. Повторно збори и прифаќа договори во име на сите средношколци иако голем број од нас изјавивме дека Бленди нас не не претставува! Ве повикуваме сите да ни се приклучите да се бориме за нашите барања а не да прифаќаме партиски сценарија!, се наведува во објавата.
Оттаму наведуваат дека испратиле и барање до Министерството за образование за свикување состанок во рок од 8 дена. Доколку не се добие одговор можен ќе биде повторен бојкот нанаставата.
Средношкоски глас е на ставот дека матурата треба да биде намалена на 2 предмети како што и беше првичното заедничко барање со Сојузот на средношколци.