„За мој личен бизнис одлучувам јас и не може да одлучува ДКСК и сум подготвен за каква било постапка да дадам одговорност“.
Оваа изјава на министерот за земјоделство Аријанит Хоџа предизвика реакција кај Антикорупциската комисија, која денеска оцени дека тој го прекршил Кодексот за однесување на членовите на Владата, односно принципот на владеење на правото, на взаемно почитување и заштита на угледот на Владата и институциите, на одговорност и принципот за одбегнување на судирот на јавната и приватните интереси.
Комисијата ќе побара мерки против министерот Хоџа од телото кое е надлежно за следење на етичкиот кодекс на Владата.