Полициски службеник е полесно повреден синоќа откако во него удрило возило на улицата „Скупи“ во Скопје. Според информациите на ова претходел судар меѓу две возила во близина на објектот на телевизијата „Канал 5“.
-При обезбедување на сообраќајна незгода меѓу две возила, во близина на „Канал 5“ телевизија, друг возач со возило удрил во полициски службеник што обезбедувал на лице место и истиот се здобил со повреди, изјавија во МВР.