Полицијата вчера на цела територија на земјава казни 249 пешаци. Од нив дури 166 се казнети за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.
46 од нив се казнети бидејќи минувале улица на „црвено“ или не ги почитувале знаците што ги давал полицаец, 18 казни се движење на површини кои не се за пешеаци, 14 за движење или непотребно задржување на пешакот на коловоз.
Од МВР апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи во насока да се зголеми безбедноста и најавуваат дека ваквите контроли и казни ќе продолжат.