Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 35 нови пациенти или вкупно 261 лица во моментов се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Најмногу приеми имало на клиниката во Козле – 15, потоа на интерните клиники – 10, во ковид- центарот во ГОБ „8 Септември“ – 7 и 6 на Инфективната клиника.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.
Вкупнo на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава има 636 пациенти на болничко лекување од ковид-19, што е константа во изминатите денови, со околу триесетина нови приеми во просек во 24 часа.