Новоизбраниот српски патријарх Порфириј е толерантен и културен човек со кој може да се води дијалот и разговата за секоја тема. Но, прашање е колку тој ќе биде самостоен во својата работа и ослободен од влијанијата на разни крила во редовите на Српската православна црква, смета Дебарско-кичевскиот митрополит Тимотеј, синдоски портпарол на МПЦ-ОА. Во изјавата за„Скопско ехо“ тој додава дека сепак е поинаква ситуација отколку што би била доколку на српскиот црковен трон бил избран бачки епископ Иринеј.
-Порфириј е духовно чедо на бачкиот епископ, но сепак тој е друг формат, друг карактер. Но, по мое, проблем е што не одлучува еден човек туку органи во рамките на СПЦ. Има Собор, има Синод. Тој ги предлага членовите на Синодот и од изборот на членовите на Синодот ќе се види дали сака да ги обедини сите струи во СПЦ или само од едно крило, смета владиката Тимотеј.
Тој додава дека допрва ќе се види како новиот патријарх ќе се однесува во односот на МПЦ-ОА.
-Неговиот став на СПЦ ќе се види веќе во односот на барањето на Вселенската патријаршија за тројна средба за нашиото црковен проблем. Тука веќе се се види неговата ориентација, смета Дебарско-кичевскиот владика.
Митрополит Тимотеј додава дека тој и наши владици, како и архиепископот г.г. Стефан имале неколку средби со патријархот Порфириј.
-Секогаш беше добара домаќин, толерантен и гостопримлив, вели тој.