Dark Mode Light Mode

Ако патувате со автобус кој минува по „Александар Македонски“: Променети траси поради денешниот протест

Поради најавениот протест на сопствениците на ресторани за веселби на крстосницата на булеварот „Александар Македонски“ со улицата „Интернационални бригади“, денеска од 14 до 17 часот, автобусите ќе возат со изменета траса. 

Линија 2 во правец од Сарај кон Автокоманда ќе биде скратена до кружниот тек кај „Континентал“, а по истиот режим возилата ќе сообраќаат и во обратна насока.

Линиите 2А и 16 во правец од Сарај и Пржино, од Бит пазар ќе продолжуваат кон Чаир и по улица „Ферид  Бајрам“ кон Железара до кружниот тек кај стадионот на Металург.

Реклама

Во правец кон Сарај и Пржино, возилата ќе возат по истата траса, од постојката кај стадионот на Металург.

Линиите 13 и 42 во правец од Кисела Вода и Драчево од подвозникот кај кланица, ќе вртат лево кон Пивара, па од кај ЈСП до постојката кај Алкалоид.

Во правец кон Кисела Вода и Драчево, возилата ќе тргнуваат од кај Алкалоид.

Линиите 43 и 50 од Дом на печат и Клинички центар, после Работнички дом ќе возат по улица „Кеј 13 Ноември“ кон населба Јане Сандански, па по булеварите „Србија“ и „Киро Глигоров“ преку надвозникот во Автокоманда до крајните станици.

Во обратна насока, од улица „Јужноморавски бригади“ и Хиподром, преку надвозникот во Автокоманда, булеварите „Србија“, „Киро Глигоров“ и „Јане Сандански“ кон НБРСМ, па кон МАНУ, односно МНТ ќе продолжуваат по редовните траси. 

Линиите 45, 52, 53, 54, 55, 55А, 55В, 62, 63, 65, 65Б, 66, 66А и 68 од Автокоманда Макпетрол ќе продолжуваат по надвозникот, преку булеварите „Киро Глигоров“, „Србија“ и „Јане Сандански“ до крајните постојки на Транспортен центар.

Посочениот режим ќе важи и во обратна насока.. 

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Министерот за земјоделство што не ја ферма Антикорупциска - се бара мерка против него

Next Post

Општина Аеродром се предомисли - нема ни конкурс ни новинарски награди

Реклама