Dark Mode Light Mode

И цело Скопје пешачки премин да стане, пак малку им е

Пешаците на скопските сообраќајници вчера се надминаа себе си во непочитувањето на сообраќајните правила и прописи. Резултат на тоа е невообичаено високиот број на казнети лица од страна на полицијата во текот на вчерашните полициски контроли. Полициските службеници поднеле пријави против дури 52 пешаци кои направиле најразлични сообраќајни прекршоци.

А можно ли е и другите денови да е толку голем бројот на прекршители, но ете полицијата не им обрнувала доволно внимание на пешаците?

Сите гледаме дека поминувањето улица каде нема одбележан пешачки премин и на црвен сигнал на семфорите е секојдневие за голем дел од скопјани. Полицијата мора поревносно да се бпро против тоа – имаме многу настрадани во сообраќајки. 

Реклама

Инаку, на територијата на Град Скопје, при вчерашните акциски контроли во областа на сообраќајот, изречени се вкупно 216 мерки, меѓу кои 26 за непочитување на брзина на движење, пет за возење без возачка дозвола, 3 санкции за користење на мобилен телефон, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила и 66 мерки за непрописно паркирање, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР нагласија дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Приведени малолетници кои сквернавеле гробови и тоа го објавиле на Тик Ток

Next Post

Митрополит Тимотеј: Новиот српски патријарх Порфириј е толерантен човек, прашање е колку ќе биде самостоен

Реклама