Во временскиот период од 14,00 до 17,00 часот ќе има посебен режим на сообраќај на булеварот .„Александар Македонски“, ул.„16-та Македонска бригада“ и ул.„Интернационални бригади“, информира денеска МВР. Причина е протест организиран од страна на сопственици на ресторани за организирани настани, претставници на фото студија и музички бендови.
Протестот е планиран на крстосницата помеѓу бул.„Александар Македонски“, ул.„16-та Македонска бригада“ и ул.„Интернационални бригади“.
-Поради тоа МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на овие сообраќајници. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, се наведува во соопштението.