Dark Mode Light Mode

Зошто Владата и понатаму не објаснува што и одговорила на Бугарија?

Се појави премиерот во заминување Зоран Заев, конечно проговори за проблемот со Бугарија. Но, го кажа истото што и вицепремиерот Артан Груби, дека со испратените одговори на „пет плус еден“ барањата на Бугарија, не гледа причина за одолговлекување на процесот на решавање на блокадата. Тој верува дека се ќе биде решено кога кормилото во Влада ќе го преземе неговиот наследник Димитар Ковачевски.

– Знаејќи дека на 13-ти се формираше новата бугарска влада, не можете да очекувате на 14 декември Советот за општи работи каде што присуствуваат министрите да донесат одлука. Јас навистина не губам надеж дека новата бугарска влада, со помош на претседателот Радев, ќе ги дадат позитивните реакции. Конечно, имаме дадено наши одговори и верувам дека се надминати сите недоразбирања. Ако остануваат детали, ние сме на располагање како држава, под раководство на идниот премиер да ги допрецизираме и да ги разговараме – рече Заев.

И повторно, ниту Заев не објаснува што и одговориле на Бугарија. Притисок врз него да и соопшти на јавноста нема, ниту од од другите институции и научни установи, ниту од опозицијата. Последната само повторува дека не смее да има отстапки од македонската резолуција, и дека не смееме да коленичиме повеќе. Но, никој не врши притисок Владата конечно да каже што и одговорила на Бугарија.

Реклама

Во меѓувреме, по малку е чуден оптимизмот кај Заев, ако се има предвид последната изјава на бугарскиот претседател, Румен Радев.

-Не гледаме политичка волја за отстранување на навредливите квалификации во учебниците и медиумите, како и за стопирање на фалсификатите и деструкциите кон бугарското културно и историско наследство. Сепак, нашата најсериозна загриженост е што PCM не ги следи основните принципи на Европската унија, ниту ги исполнува Копенхашките критериуми за членство, истакна Радев.

За жал, останува дилемата што сме и одговориле на Бугарија, дотолку повеќе што како никој да не прави притисок власта итно да излезе и транспарентно да објасни. Останува уште малку време за отчетност.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ахмети се сретна со Мицкоски пред да оди на средба со Заев

Next Post

„Травијата“ под режисерската палка на Германката Верена Штојбер, вечерва во МОБ

Реклама