Али Ахмети и Христијан Мицкоски доцна попладнево еден час разговарале во Собранието. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека генерално разговарале на две теми-спорот со Бугарија и предвреени парламентарни избори.
За првата тема, Мицкоски вели дека ги повторил тезите, да се почитува резолуцијата усвоена од Парламентот и дека колку повеќе ги напуштаме нашите преговарачки позиции толку повеќе барањата од Бугарија се поголеми и на тој начин се уништува преговарачката позиција на државата.
-Ценам, јас лично дека треба да се напушти принципот на коленичење и сервилност. Треба да покажеме карактер и треба да се вложиме максимално сите за да го покажеме тој карактер. Тоа е мојата порака. Доста е веќе од понижување, доста е од срамови, народот е фрустриран. Многу остапки направи оваа 30 годишна независнот, а всушност уште сме во предворјето и не можеме да го почнеме тој процес на преговори, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Тој додава дека другата тема на која разговарал со лидерот на ДУИ, Али Ахмети се предвремените парламентарни избори.
-Имајќи предвид дека како ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период бевме предмет на критика од страна на јавноста бидејќи бевме молчаливи и не бевме присутни во јавноста.Тоа беше со причина да не се најде изговор дека ВМРО-ДПМНЕ е виновна бидејќи ние не добиваме датум за преговори, рече Мицкоски.
Вечерва во Владата има средба на Заев со Ахмети.