Dark Mode Light Mode

Затвореникот на отпуст Кичеец ја предзвикал сообраќајката, ОЈО бара притвор

Гостиварското Основно јавно обвинителство ќе почне истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Станува збор за сообраќајната несреќа што се случи на 4 септември, а во која учествуваше осудениот Зоран Милески-Кичеец, кој управувал со автомобил „мерцедес“, а со него биле уште двајца српски државјани, кои се тешко повредени.

Во инцидентот имаше и еден загинат.

Реклама

Како што објаснуваат од Обвинителството, на магистралниот пат Кичево – Гостивар осомничениот Милески не се придржувал кон прописите и го загрозил јавниот сообраќај.

Движејќи се со автомобил „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, тој на критичното место не ја приспособил брзината на движење според состојбите и условите на патот и на видно обележана полна надолжна линија почнал престигнување на возилото пред него – автомобил „бмв“ со тетовски регистарски ознаки.

Во истиот момент во спротивна насока кон Кичево се движел автомобил „санг јонг“ со гостиварски ознаки, на кое осомничениот му го попречил патот, па директно удрил со предниот десен дел од „мерцедесот“ во предниот десен дел од автомобилот „санг јонг“.

Удреното возило со левиот страничен дел, пак, удрило и во автомобилот „бмв“, кој бил престигнуван.

Во несреќата животот го загубил сопатник во автомобилот „санг јонг“, четири лица добиле тешки повреди, а тројца, меѓу кои и осомничениот, добиле телесни повреди.

Поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците/оштетените и можност за повторување на делото, јавниот обвинител до судија на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.​

Од Управата за извршување санкции соопштија дека осудениот Зоран Милески бил ослободен од затвор 30 дена, до 9 септември, за да направи испитувања поради влошена здравствена состојба.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Османи призна дека случајот со уапсениот дипломат е слабост на институциите

Next Post

Повторно црн ковид-биланс: 32 починати и 682 нови случаи, нема кај нема заразени

Реклама