Македонија слави. Пред триесет години, на референдумот на 8 септември 1991 година, 95 проценти од македонските граѓани излегоа на изјаснување, и 1.132.981 лица решија Република Македонија да биде независна држава. „Нека ни е честита слободна, суверена, самостојна Македонија!“, порача таа вечер пред илјадниците среќни граѓани тогашниот претседател Киро Глигоров. Ечеше рефренот од државната химна „Македонија слободна, слободно ќе живее…“ Така беше остварен вековниот сон на македонскиот народ за формирање независна и суверена држава.
Но, со тоа не завршуваа напорите за градење на независната држава. Всушност, тогаш требаше сериозно да почнат. МНогу субјекти и од внатре и од надвор работеа на тоа да има сомнежите дали Македонија ќе опстане, дали „ќе ја биде“, ќе успее ли навистина да биде независна… Народот се трудеше, но имаше и пречки и сопки.
Прво му најда мана на уставното име. ЕУ во Лисабон донесе декларација со која не ни дозволуваше да се користи името Македонија во името на државата, Грција воведе блокада… Всушност почнаа притисоците под кои почнаа и попуштањата на тогашните власти во однос на барањата од страна и недоразбирањата дома. Домашните политичари лесно прифатија земјата да стане членка под „привремената“ референца БЈРМ во име на приемот во Обединети нации штро предизвика револт кај голем број на граѓаните.
Независноста ја начнаа и на внатрешен план во 1994 година се случија избори чии резултати ги бојкотираше опозицијата која потоа не влезе во парламент, се случи партизација на општеството, сомнителна и крајно штетна приватизација која ја уништи средната класа во земјава и создаде каста на богатите.
Промената на власта во 1998 година донесе „Тајванска авантура“ и ветувања дека ќе добиеме „милијарда долари“, а што внесе нови премрежја и проблеми кои ја нагризаа независноста.
Војната во 2001 година беше нов удар во тогашните државни темели. По конфликтот кој почна со територијални барања на албанските бунтовници на крајот пресметката заврши со Охридскито договор. Со помош на странските посредници се постигна договор со кој се смени уставот, со кој се воведоа елементи кои ја наружуваат унитарноста на Македонија.
Овој договор, практично, отвори врати на постојаното странско мешање во внатрешни меѓупертиски судири и неспособноста на македонските политички елити да постигнат консензус за важни државни прашања. А на надворешен план уцените и зависноста од другите продолжија. Во 2008 на самиотот на НАТО во Букурешт не станавме членка на НАТО поради грчко вето и барањето да го смениме уставното име на државата.
Дојде Заев на власт и попушти пред грчките барања, во 2018 се склучи Преспански договор, пак со помош на странските посредници, со кој државата доби додавка „Северна“, се откажа од дел од историјата, се проблематизира македонскиот идентитет, а што пак предизвика длабоки подлеби на граѓаните. Се наруши уште еднаш независноста.
Сега најново е се преговара со Бугарија за нешто за што не се преговара никаде во светот…
Поради сето ова Македонците се повеќе си ја напуштаат сопствената татковина за која пред три денцении гласаа со полно срце и душа дека ќе биде навистина независна држава. За среќа има и многу луѓе кои остануваат да се борат за зачувување на независноста на Македонија.
И презадолжувањето ја нарушува независноста на Македонија
А на внатрешен план, се случува се поголемо задолжување на земјата кое отиде над седум милијарди евра, се случи зависност од странски кредити, зависност од странските банки, фондови.
Дел од луѓето станува зависни од партиите
Голем дел од граѓаните стана зависни од милоста на партиите кои се менуваат на власт. Партиите вработуваат, партиите судат, партиите… Граѓаните се зависни и од милоста на газдите кои пред се мислат на профитот и го осиромашуваат работникот…