Dark Mode Light Mode

Османи призна дека случајот со уапсениот дипломат е слабост на институциите

Министерот за надворешни работи Бујар Османи призна дека случајот со дипломатот Миле Миленковски покажа слабости во повеќе институции и во МНР, во координацијата, но вели дека му е драго што тој дипломат бил упатен во нашата мисија во ОБСЕ во Виена, бидејќи вака веќе нема да има дипломатски пасош, ниту  национален сертификат, ниту пристап до документи.

По овој случај ќе се направи и целосна ревизија на системот за упатување во МНР, вонредна ресертификација за сите вработени во МНР, односно сите ќе мора да аплицираат за национален безбедносен сертификат одново, а сите амбасадори за НАТО – сертификат.

Османи не чувствува одговорност што го упатил контроверзниот дипломат во Виена. Вели сеедно е каде ќе бил, кога има безбедносен сертификат, бидејќи има пристап до документите.

Реклама

Миленковски ваков имал сертификат од 2019 година со валидност од 5 години – до 2024.

Во нашата мисија во ОБСЕ заминал, бидејќи ги исполнувал сите три услови што Османи сметал дека се потребни- да им еден мандат веќе таму, две години да работи во МНР и да има безбедносен сертификат. А заминал како поискусен меѓу 15 дипломати кои требал да ја претставуваат нашата земја како претседавач со ОБСЕ.

Османи тврди дека во МНР не знаеле ништо за овој случај освен писмо од МВР кое пристигнало 10 месеци пред Османи да стане министер, во кое се барало одговор, дали тројцата дипломати (меѓу кои и Миленковски), во 2018 година имале дипломатски пасоши и дали биле на службено патување од МНР.

Следното било кога е објавено дека Миленковски е уапсен во Србија.

На Миленковски од првиот ден му е прекинат мандатот, работниот однос му е во мирување и суспендиран му е дипломатскиот пасош. За другите двајца, Османи им ги суспендирал дипломатските пасоши, а едниот е пензиониран, додека другиот во моментов е на годишен одмор.

Дипломатот Миле Миленковски, кој беше заменик-амбасадор во ОБСЕ, Виена, беше уапсен во Србија на 27 август по потерница од Ерменија.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ОБСЕ со 20 долгорочни и 250 краткорочни набљудувачи ќе ги следи изборите на 17 октомври

Next Post

Затвореникот на отпуст Кичеец ја предзвикал сообраќајката, ОЈО бара притвор

Реклама