Конфедерацијата на синдикални организации денеска заедно со Независниот синдикат на полицијата одржаа протест, кој започна како поворка од автомобили кои минаа низ центарот на Скопје и завршија пред Владата.
-Не случајно го одбравме овој датум, сите знаеме што значи 30 години независност и тоа е свечен момент. Не можам да сфатам како после 30 години работникот е доведен до овој степен. Затоа од овде праќаме апел и ќе пратиме уште еден допис да бидеме примени од премиерот и само со него сакаме да разговараме и да ги образложиме нашите ставови, порачаа од протестот.
Доколку бидат игнорирани ќе донесат и други мерки за делување, без разлика што е предизборие, се заканија од Конфедерацијата.