Dark Mode Light Mode

Има ли детален извештај и анализи за најмладите кои не победија во битката со ковид-заразата?

Министерството за здравство соопшти дека близу половина од полнолетните граѓани на Македонија се вакцинирале против ковид 19. Заклучно со 4 септември со една доза вакцинирани се 44,6 проценти од населението над 18 годишна возраст.

-Вкупно 54 отсто од граѓаните над 40 години имаат примено барем една доза на вакцина, како и 29 проценти од граѓаните на возраст помеѓу 18 и 39 години, стои во податоците.

Според здравствените власти ова е солидна бројка па апелираат до младите да се вакцинираат во уште поголем број оти вирусот не ги одминува ниту нив. Така било според последните анализи што тие ги правеле. До тука сето ова јасно. Но, дилемите настапуваат од делот на направените анализи, па натаму:

Реклама

-Како се правени анализите?
-Зошто не ги одминува вирусот ни младите? Зошто не се споделија стручни, научни трудови, преку кои ќе им се објасни на младите убаво и темелно, па самите да одлучат дали да се вакцинираат? Наместо пресудна причина да им биде седењето по кафулиња?
-Има ли детален извештај за најмладите кои ја загубија битката со заразата? Зошто не успеаја?
-Има ли друг детален извештај зошто вакцинираните се заразуваат, па и умираат?

Апелите и повиците нема да ја зголемат имунизацијата, младите како и сите луѓе сакаат темелни аргументации, наместо обични изјави пред камери.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

На државната прослава може да присуствуваат граѓани, но само вакцинирани или прележани од ковид

Next Post

Пломба за кафе барот „Интермецо“ поради организирање журки за време на пандемија

Реклама