Dark Mode Light Mode

На државната прослава може да присуствуваат граѓани, но само вакцинирани или прележани од ковид

Владата ги поканува граѓаните да учествуваат на централната манифестација по повод јубилејот 30 години независност, 8 Септември – Денот на независноста, која ќе се одржи утре во 17 часот пред Собранието.

Настанот е со ограничен број публика поради пандемијата и здравствените протоколи што ни попречија многу моменти на заедничко прославување. Сите присутни треба да поседуваат вакцинален сертификат или потврда за прележаност на коронавирусот. За да овозможиме безбеден настан од здравствен аспект, за сите гости е предвидено место за седење со соодветно растојание, а движење за време на настанот не е препорачано за да не се нарушат здравствените протоколи, се наведува во владината информација.

Влез на настанот е овозможен само за граѓаните што ќе се регистрираат на посебен линк.

Реклама

Според протоколот, бројот на седишта е ограничен, а регистрацијата ќе биде затворена во моментот кога ќе се исполни бројот на слободни места. Регистрираните граѓани ќе добијат повратна логистичка информација за позицијата на местото за седење и линк што води до мапа на која е претставен влезот од кој се пристапува до местото за седење.

Центарот на Скопје (Голем ринг) ќе биде затворен за сообраќај поради што апелираме граѓаните што ќе се регистрираат за присуство да пристигнат пред Собранието без моторни возила. Граѓаните треба да пристигнат пред Собранието најдоцна до 16.30 часот, информираат од Владата.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Повторно црн ковид-биланс: 32 починати и 682 нови случаи, нема кај нема заразени

Next Post

Има ли детален извештај и анализи за најмладите кои не победија во битката со ковид-заразата?

Реклама