Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа пријавени се 32 починати лица, од кои деветмина се од Скопје (88, 78, 71, 69, 68, 66, 61, 53 и 42 години), 4 од Куманово (84, 70, 63 и 58 години), по 3 од Гостивар (две на 71 година и едно на 41-годишна возраст) и Тетово (88 и двајца по 82 години), по две починати лица од Велес (80 и 72 години), Свети Николе (73 и 53 години) и Штип (56 и 33 години) и по едно починато лице од Кичево (75), Охрид (62), Струга (80), Дебар (83), Струмица (70), Прилеп (65) и од Македонски Брод (61).
Од пријавените, 28 се починати во болнички услови и 4 во домашни услови.
Од направени 6.425 тестирања, регистрирани се 682 нови случаи на ковид-19 (повеќе од 10%), од кои во Скопје – 317, Куманово – 51, Тетово – 49, Битола – 31, Кичево – 30, Кавадарци – 22, Гостивар – 19, Струмица – 18, Ресен – 15, Прилеп – 13, Охрид и Струга по 11, Делчево -10, Пробиштип и Валандово по 8, Радовиш, Крива Паланка и Кратово по 7, Штип и Дебар по 6, Велес, Неготино, Свети Николе и Берово по 5, Кочани и Гевгелија по 4, Виница и Демир Хисар по 2 и по еден во Богданци, Пехчево, Македонска Каменица и во Дојран.
Регистрирани сe 1.031 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 180.919, бројката на оздравени пациенти е 160.396, на починати е 6.129, а бројот на активни случаи изнесува 14.394, од кои 6.198 во Скопје.