Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, a на граничните премини, од македонската страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Ваква е состојбата на патиштата денеска според информациите од АМСМ.
Но затоа се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Регионалниот пат Ресен – Охрид (преку Галичица) е отворен за сообраќај, но препорака до возачите да пристапуваат внимателно на овој патен правец поради можната појава на помали одрони.
Од АМСМ посочуваат дека на неколку патишта во тек се градежни работи.
Еве некои од нив.
Од 29.05.2021, на регионалниот пат Р – 29275 крак Тетово – крак Попова Шапка и крак Шипковица – Бродец – Вешала, поради изведување градежни работи (асфалтирање), во наредните 30 дена сообраќајот ќе биде во прекин од 08:30 до 16:30 часот секој ден, освен во недели и празнични денови. На местото на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
ЈП Македонијапат подружница Велес известува дека ќе изведува градежни работи (надоградба и поправки) на коловозот на регионалниот пат Р – 1103 патен правец Кавадарци – Дреново од 26.05.2021 г. во наредните 30 дена. На местото на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
ДГТ Жикол ги известува сите возачи дека заради изведување на градежни работи на патниот правец Миладиновци – Свети Николе – Штип, односно на делниците Кадрифаково и Преод, заради изградба на наплатните станици од 06.05.2021 г. сообраќајот се одвива согласно одобрениот времен режим.