Советот на Општина Центар ќе им излезе пресрет на жителите на Центар, кои со години се соочуваат со секојдневна борба за паркинг – место, бидејќи паркиралиштата каде што живеат се комерцијални и до место доѓаат на среќа.
Врз основа на пристигнатите петиции од жителите што живеат на улицата „Максим Горки“ и Здружението на станарите за управување со паркинг-просторот „Мал ринг“, Советот побара од општинските служби и ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ да постапат по барањата на жителите.
Според изјавата на градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ ќе воведат промени што ќе бидат приоритет за жителите и ќе се ослободат паркинг-местата, со воведување резидентен паркинг.
Истото решение ќе се примени и за улиците „Ленинова“ и „Радњанска“, каде поради големиот број ресторани и кафулиња, жителите не можат да се паркираат онаму каде што живеат.