Dark Mode Light Mode

Изненадувањето на Ахмети како „топла вода“

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска го соопшти „изненадувањето“ што пред два дена го најви и премиерот Зоран Заев. Иако голе број медиуми шпекулираа дека тоа ќе биде потег поврзан со локалните избори, се покажа дека е нешто сосема небитно – ДУИ станува зелена партија.

-На 19. роденден на ДУИ започнуваме нова политика и директно дејствување, политика за еколошка правда и квалитетен живот. Зелената агенда станува дел од ДУИ, рече Ахмети.

Во неговиот говор, Ахмети спомена и неколку проекти и активности кои, според него, ДУИ ги има реализирано во текот на неговото постоење – целосна имплементација на Охридскиот мировен договор, легализација на високото образование на албански јазик, децентрализација, национални симболи и култура, албански јазик, правична и соодветна застапеност, интеграција во НАТО, добивањето зелено светло за членство во ЕУ…

Реклама

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

СДСМ повторно „ќе трча“ со Шилегов за Скопје

Next Post

Нема дело, нема одговорност: Обвинителството го затвори случајот „бегството на Мијалков“

Реклама