Dark Mode Light Mode

Пратениците се враќаат во старата сала, новинарите ќе можат да ги следат само ако се вакцинирани

По извршениот увид од Комисијата за заразни болести, Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство, пратениците од 8 јуни се враќаат во старата сала за пленарните седници согласно одобрениот протокол.

Влезот во пленарната сала ќе биде дозволен за новинари кои што ќе приложат доказ за извршена целосна вакцинација против ковид-19. За нив е обезбедена галеријата на салата „Македонија“ и ќе ги има само 17, кои ќе седат на означени седишта, на соодветно растојание.

Согласно протоколот, за време на целокупниот престој и движење во Собранието, задолжително ќе биде носење на заштитна маска, а на влезовите во Собранието останува обврската за примена на средство за дезинфекција и мерење на температура.

Реклама

Ресторанот на Собранието лоциран во сутеренот, ќе биде отворен само за пратеници, додека Клубот за пратеници останува затворен.

Салата „Македонија“ не е во функција од август минатата година.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Вчера само 1.255 граѓани вакцинирани со прва доза

Next Post

Некогаш недостижен, сега го избегнуваат на километар: „Технометал-Вардар“ е депонија среде Скопје

Реклама