Адвокати, сметководители, продавници за продажба на моторцикли, месарници, трговски дуќни, сервиси за автомобили, но најмногу продавници за прехранбени производи, ресторани и сендвичари се меѓу 180-те фирми кои зеле државни субвенции за плати, но не им ги дале парите на работниците.
На списокот што го објави Владата има музички студија, хотели, авто – школи градежни компании. агенции за недвижности, превозни компании, но и радио – станици.
Според податоците, нема град каде не е регистрирана ваква фирма. Се работи за повеќе од 750 работници останале неисплатени за месеците март и април.
Мерките кои УЈП ги најави уште на почетокот на годинава против ваквите фирми се опомена, присилна наплата и на крај, кривична одговорност.
Но, ако се следи бројката на оние кои тогаш ги злоупотребиле државните пари (258 за април, мај и јуни, односно за октомври, ноември и декември лани), и овие 181 за април и мај годинава, се чини дека мерките не ги исплашиле многу газдите.