Dark Mode Light Mode

Некогаш недостижен, сега го избегнуваат на километар: „Технометал-Вардар“ е депонија среде Скопје

До пред нешто повеќе од една година, барем чуварот ќе го запалеше светлото во влезот, а повремено и ќе ја навадеше тревата околу објектот. Сега на главниот влез има огромен ланец со катанец.

Вака изгледа објектот на некогашниот симбол на македонскиот извоз „Технометал Вардар“. Се работи за простор од над 7.000 квадратни метри во срцето на главниот град на улицата „Македонија“.

Реклама

Што беше и во што се претвори, може секојдневно да се види. Ако тргнете од улицата „Македонија“, преку тесниот премин меѓу хотелот во изградба и „Технометал“ ќе ја видите сета грдотија на Скопје – шишиња кои сведочат дека тука во доцните часови има „журки“, но и дека тука метла на „Комунална хигиена“ не поминала со месеци.

Истата слика е и пред главниот влез – некогашните бели плочки се прекриени со измет од гулабите кои со години се станари во поткровјето на бетонски џин. А некогашната фонтана е приказна сама за себе – наместо вода, која патем, со децении ја нема, полна е со ѓубре.

Од она што се знае за компанијата е дека е отворена стечајна постапка, акциите се симнати од тргување на берзата и не е на листата компании кои се објавуваат во регистрите чии акции се тргуваат, ниту е дел од базата податоци на Централниот депозитар за хартии од вредност.

Нејзината судбина не е ништо поразлична од онаа на многу некогашни гиганти кои во транзицијата преку ноќ станаа „чавкарници“.

Нашата свест за околината е исто така позната и со неа не можеме да се гордееме.

Но, она што е несфатливо е зошто локалните власти, барем, не преземат нешто да се исчисти депонијата околу овој објект во најстрогиот центар на Скопје, особено што местото е на само неколку метри од улицата „Македонија“ која секоја вечер редовно се чисти?

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Пратениците се враќаат во старата сала, новинарите ќе можат да ги следат само ако се вакцинирани

Next Post

СДСМ повторно „ќе трча“ со Шилегов за Скопје

Реклама