Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев денеска потврди дека Петре Шилегов е фаворит на владејачката партија за претстојните локални избори.
-Јас сум претседател на СДСМ и им давам поддршка на кандидатите за градоначалници бидејќи тие посветено ja извршуваа работата изминативе години. Ќе се слушнат и мислењата на граѓаните. Ја верувам дека Шилегов има изградено висок рејтинг бидејќи во време на пандемија и во време на референдум се работеше. Локалните избори се избори на личност. И тој е добра спојка за сите коалициони партнери, изјави денеска Заев.
Со тоа тој ги разби сите шпекулации за тоа дека Шилегов го потрошил кредитот кај Заев и дека и покрај сите напори што ги прави во последно време, нема да биде кандидат з уште еден мандат.