Dark Mode Light Mode

Вчера само 1.255 граѓани вакцинирани со прва доза

На вакциналните пунктови во државата вчера примиле 1.255 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.282 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 384.466 дози вакцини, а ревакцинирани се 139.053 граѓани.

Со последните бројки 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, и 35 % од населението над 60 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Реклама

Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 440.213 граѓани.

Причината за успорувањето на вакцинацијата се должи на немањето вакцини во земјава. Засега таа се потпира само на оние околу 10.000 дози од „Фајзер“ кои доаѓаат во земјава секој понеделник како дел од билатералниот договор и преку механизмот на ЕУ за помош.

Нема ни трага ни глас од нарачаните 200.000 руски вакцини, за кои и покрај оптимизмот на нашите здравствени власти, рускиот амбасадор во земјава вчера рече дека „толку може“, а за повеќе да се обратиме во Рускиот фонд кој го регулира ова прашање.

Спасот станува во 500.000 дози „Синовак“ кои според најавите ќе дојдат во следните 7 дена и во најавите кои доаѓаат од Србија дека можно е наскоро да се дозволи слободно вакцинирање на македонките граѓани таму.

Исто, така приватен медицински центар веќе неколку недели обезбедува вакцинација на наши граѓани во пограничните делови кај Делчево и Ново Село. Тоа се прави со пријавување на телефонски број на апликацијата Вајбер, но според зјавите на жителите од истокот, голем број се вакцинираат и без термин.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Зеле државна помош, а не им давале плата на работниците - на листата нема што нема

Next Post

Пратениците се враќаат во старата сала, новинарите ќе можат да ги следат само ако се вакцинирани

Реклама