ВМРО-ДПМНЕ не е организатор, но ги поддржува протестите за осудените за 27 април,, вели претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.
-Апсолутно одговорот е да, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржува, не е организатор, но ќе ги поддржува протестите кои што во крајна цел имаат правда односно секој еден да има можност да ја докаже својата невиност за тоа што е осуден, нормално доколку постојат докази за некое друго сторено кривично дело или прекршување на законите тогаш оставаме на судските власти да судат и да пресудуваат понатаму, изјави Мицкоски во Штип.