Dark Mode Light Mode
За што Османи ќе бара совет од Малески?
Отсега ковид-пациенти ќе се примаат само на Инфективна и ТБЦ, другите центри се затвораат
Над 390 илјади граѓани се пријавени за вакцинација

Отсега ковид-пациенти ќе се примаат само на Инфективна и ТБЦ, другите центри се затвораат

Поради намалениот број на пациенти, од денеска се затвораат сите ковид-центри на интерните клиники и во комплексот „Мајка Тереза“. Ковид-позитивни пациенти ќе се примаат само Инфективната клиника и на Институтот за ТБЦ, информираше Министерството за здравство.

Надвор од Клиничкиот центар, пациенти според извештајот, има и во Градската општа болница „8 Септември“.

Во последните 24 часа во Скопје се примени само 8 нови пациенти поради компликации со коронавирусот, а се отпуштени 22 излекувани. Во моментов бројката на хоспитализирани изнесува 142.

Реклама

Во болниците во внатрешноста, пак, има 237 пациенти или вкупно во цела држава хоспитализирани се 379. Слободни се над 600 болнички кревети.

Исто како и во Скопје, така и во внатрешноста, поради намален број пациенти изминатите денови се затворија дел од ковид-центрите.

Во кумановската болница во моментов има најмногу хоспитализирани – 43. Понатаму, Охрид 29, Штип 28, Битола 26, Велес 24, Струга 20, Прилеп 16, Струмица 14, Кичево 9, Кочани 7, Кавадарци 7, Гостивар 7, Тетово 4 и Гевгелија 3.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

За што Османи ќе бара совет од Малески?

Next Post

Над 390 илјади граѓани се пријавени за вакцинација

Реклама