Dark Mode Light Mode

За што Османи ќе бара совет од Малески?

Македонската дипломатија подолго време е исправена пред големи предизвици. КОлку одговара на тие предизвици е очигледно, а на пример од Владата секогаш велат дека во МНР работат многу напорно и успешно. Од вчера министерот Бујар Османи е решен уште поуспешни да се. Тој направи и нов тим околу себе – Стратегиски совет на МНР. За сда се покаже сериозноста во намерите се најавува дека Советот ќе се бави со проект со наслов „Рефлексија 2030“.

– Крајна цел на овој проект е изработка на сеопфатна стратегија која ќе понуди еден поинаков светоглед, збир од различните аспекти, еден вид рефлексија на различни леќи, заснован врз инклузивност и партиципативност на сите релевантни општествени чинители. Внимавав да добиеме широка општествена интелектуална и експертска претставеност. Не се ограничив да поканам и поединци кои имаат цврст и јавен политички став, но кои во исто време се ослободени од притисокот на дневната политика, изјави вчера Османи.

Добро е што Османи почитува различни мислења. Во Советот е и пензионираниот професор Денко Малески и поранешен министер за надворешни работи, човек со искуство. Сепак Малески сега е познат и по тоа што ја шокираше пошироката македонска јавност кога напиша во колумна дека Бугарите и Македонците се еден ист народ. Тогаш му беше советник за надворешна политика на претседателот Стево Пендаровски, кој се огради од неговите ставови. Сепак, не престана да ги користи неговите советнички услуги.

Реклама

Малески не така одамна истакна:

– Зад нас е времето кога македонската историографија, заштитена од моќната југословенска федерација, можела непречено да врши селекција на историската граѓа за македонската нација… Значи, ние мораме да се прилагодиме кон историската вистина дека во минатото сме биле дел од еден ист народ, сугерира Малески.

Тој за Гоце Делчев вели дека се определил како Бугарин и дека македонската страна мора да се соочи со објективната историска вистина.

– Објективната историска вистина и човековите права се аршинот на модерното време, се ставовите на Малески.

Дали Бујар Османи ќе го прашува пензионираниот професор за совет како да постапува околу проблемот со ветото од Бугарија или за сосема други прашања важни за иднината на Македонија? Ќе бара ли од Малески да му се објасни какви и чии човекови права се аршин во модерното време?

Инаку, поодамна Малески напиша и колумна со наслов „Чесноста е најдобра политика!“

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Приведени 28 лица во Центар - се журкале за време на полициски час

Next Post

Отсега ковид-пациенти ќе се примаат само на Инфективна и ТБЦ, другите центри се затвораат

Реклама