Утрово времето во Скопје започна со засилен ветер и намалени температури. Цело претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне претежно сончево. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 20 степени.
Во останатиот дел од Македонија денеска претпладне ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд на истокот од земјава. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време. Ќе дува засилен ветер од северозападен и северен правец, особено изразен во поширокото Повардарие, каде ќе достигнува брзина и над 70 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена.
Од утре следува период на претежно сончево и значително потопло време со слаб до умерен јужен ветер.