Се журкале иако траел полицискиот час. Имено, ноќеска околу 3 часот по полноќ полицијата растурила домашна забава во Центар. При тоа биле уапсени 28 луѓе.
-Постапувајќи по претходна пријава, а по обезбедена наредба од Судија на претходна постапка, извршен е претрес во дом на ул.„Славејко Арсов“, кај В.Ѓ., при што се затекнати 28 лица приисутни на домашна забава, соопшти МВР.
По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.