Dark Mode Light Mode

Вархеји и Силва во Софија и Скопје ќе бараат излез по ветото од Бугарија

Идеи за тоа како да се надмине бугарското вето за македонската евроинтеграција се очекува денеска да ги претстават португалскиот шеф на дипломатијата Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот Оливер Вархеји при посетите на Софија и на Скопје.

-Претпладнево во Софија, тие ќе се сретнат со претседателот Румен Радев, како и со премиерот и со министерот за надворешни работи во новата влада, а попладне во Скопје со претседателот Стево Пендаровски, како и со премиерот Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот на владата и со министерот за надворешни работи, стои во најавата од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Премиерот Зоран Заев завчера од Брисел најави дека се подготвува ваква посета во пресрет на одлучувачкиот Совет за општи работи на ЕУ на 22 јуни кога ќе се одлучува за усвојување на преговарачката рамка и првата меѓувладина конференција помеѓу ЕУ и Македонија, со што би започнале и формално преговорите за членство во ЕУ година и половина откако беа одобрени.

Реклама

Од бугарската страна веќе дојдоа и првични реакции за предлозите кои ги носат Силва и Вархеји. Пранешната министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, вели дека предлогот со кој би се одблокирал пристапниот процес за Македонија, не ја задоволува рамковната позиција на Бугарија.

Имаме ли гаранции дека антибугарската кампања во Скопје ќе престане? Јас овие гаранции не ги видов, пишува во синоќешната објава на Фејсбук, Захариева.

Што ќе кажат македонските званичници ќе видиме денеска.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Кога ќе се направи сериозна анализа зошто толку луѓе ни починаа од ковид 19?

Next Post

Изложба на Трајче Чатмов во Галеријата во МКЦ

Реклама