Македонската дипломатија е во залет. Лобира и делува низ светот. За да се биде уште поуспешено македонското МНР денеска го преставо новоформираниот Стратешки совет за надворешна политика.
Во овој совет ќе бидат Денко Малески, Срѓан Керим, Валентина Божиновска, Нано Ружин… Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска одржа состанок со членовите на овој Совет на кој ја објасни целта на неговото формирање.
– Ова ќе биде советодавно тело на Министерството за надворешни работи. Се работи за квалитетни луѓе, добри познавачи на надворешната политика. При изборот внимавав да добиеме широка експертиза, да бидат лица кои се ослободени од притисокот на дневната политика. Спремен сум да ги вкрстиме различните ставови за да изградиме заеднички став, рече министерот Османи на прес-конференцијата по одржување на конститутивната средба.
Членови на советот се уште и Тони Поповски, Драган Тилев, Андреја Стојковски, Марјан Ѓуровски, Денко Малески, Марко Трошановски, Ивана Туфегџиќ, Гордан Горгиев, Лазар Еленовски, Живко Мукаетов, Виктор Габер, Ајдован Адемовски, Арбен Раткочери, Ана Крстиновска, Гајруш Кабаши, Лазим Дестани, Ардита Абази – Имери; Абдулменаф Беџети, Сашо Георгиевски, Симонида Кацарска, Ризван Сулејмани и Мухамед Халили.
Како што кажа Османи членовите ќе работат волонтерски односно нема да добиваат никаков паричен надоместок за нивниот ангажман.
На социјалните мрежи и во дел од медиумите се појавија бројни негативни коментари околу составот на оваа тело, најмногу поради ангажирањето на Срѓан Керим, Валентина Божиновска, Денко Малески…