Препорака за благо зголемување на одредени даноци со цел да се избегне финансиска нестабилност на Maкедонија дојде денеска од дел од академиците од МАНУ. Препорака е и да се намалат непродуктивните трошења какви што се набавка на возила, мебел и друго. Тие посебно предупредија дека треба да се внимава на јавниот долг кој веќе надмина над 60 отсто.
– Финансиска консолидација може да се направи со кратење на владината потрошувачка особено непродуктивната еве сега како што се згради, мебел, автомобили, репрезентации и т.н или со евентуално зголемување на даноците. Јас сум за тоа да има прогресивно оданочување, но кај персоналниот данок на доход. Против сум прогресивно оданочување на фирмите. Веќе има определено зголемување на даноците на имот, што е оправдана мерка и евентуално треба да се размисли во иднина дали ќе имаме еколошки даноци и што ќе значат тие од аспект на зголемување на даночниот товар. Но – делумно преку зголемување на даноците, а повеќе преку другите мерки. Јас велам блага прогресија. Не смее даночното оптоварување во Македонија толку многу да се зголеми, мора да се води сметка и за даночните стапки во нашето опкружување, изјави денеска академик Таки Фити.
Министерот за финансии Фатмир Бесими потенцираше дека стратегија за реформа на даноците има, но не откри дали и за кој даноци ќе има зголемување.
-Веќе имаме усвоено стратегија од страна на Владата за реформи во даночниот систем за кои се започнати јавни расправи, за правичност и ефикаснот на даночниот систем во прибирање на приходите како и за зголемување на транспарентноста и квалитетот, изјави Бесими.
Инаку, останува прашањето дали ваквата препорака од академските редови за намалување на непродуктивните трошења од Владата можеше да дојде и порано, во годините кога се зголемуваше јавниот долг. Дали точаш имаа некоја препорака? Јавниот долг сега нарасна на 6.527 милиони евра што е 59,5 процнети од БДП. Во 2016 година, пак, јавниот долг изнесуваше 4.711 милиони евра а на почетокотна 20202 година 5.560 милиони евра.