Македонците вакцинирани на меѓуграничните пунктови со Бугарија, потврда за примена вакцина и код за патување во кој ќе бидат внесени вакцините треба да бараат од бугарските здравствени власти.
Од минатата недела на граничниот премин за вакцина доаѓаат Македонци за кои не е задолжително да имаат ПЦР-тест, не им се бара бугарски пасош, можат да закажат термин, но се вакцинираат и оние кои само дошле на пунктот, а можат и да избираат меѓу вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“, која ја нема кај нас.
-Секаде каде што се вакцинираат наши граѓани во други земји сертификат им се издава во тие земји поради тоа што мора да се стават точно сериите со коишто граѓаните се вакцинираат, рече министерот Филипче.
Од следната недела ќе почне да се издава македонскиот „зелен пасош“, односно документот во кој ќе има „кју-ар“ (QR) код со податоци за датумите на кои се примени вакцините, производителот на вакцините, ќе стојат податоци за ПЦР-тест и податок за антитела како доказ за прележан ковид.
Сè уште нема најави во кои земји ќе биде дозволен влезот, а во кои нема да се признаваат вакцините со кои досега се вакцинира кај нас.
Документот граѓаните од следната недела ќе можат да го побараат од матичните лекари и да го зачуваат на мобилните телефони.
Грција веќе се изјасни дека ќе дозволи влез и за граѓани кои примиле руска или кинеска вакцина, покрај оние на кои ќе им биде дозволен влез со негативен тест не постар од 7 часа. Во најголем дел од земјите во Европа, влезот на македонски граѓани е условен со ПЦР-тест.