Во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 50 нови случаи на ковод-19. Но бројот на починати и денеска е сличен н претходниот период – 16 за 24 часа.
Од починатите, најмногу се од Тетово, 4 лица (72г,77г,84г и 85г), 3 лица од Куманово (61г,62г и 81г) и по 1 лице од Скопје (70г), Прилеп (68г), Виница (73г), Струмица (67г), Велес (70г), Кочани (75г), Струга (70г), Неготино (47г) и Македонска Каменица (70г).
Од пријавените, две лица се починати во домашни, а останатите 14 во болнички услови.
Од новите случаи во Скопје се 26, Битола – 7, Куманово – 6, Прилеп, Охрид и Струга – по 2, Гостивар, Кочани, Дебар, Виница и Кратово – по 1.
Регистрирани се 133 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.937, бројката на оздравени пациенти е 146.632, на починати е 5.265, а бројот на активни случаи изнесува 3.040, од кои 1.204 во Скопје.