Косовскиот амбасадор во земјава Ѓерѓ Дедај е меѓу 12-те дипломати кои Приштина ги разреши, бидејќи биле политички именувани од претходните власти.
Шефицата на косовската дипломатија, Доника Грвала-Шварц на денешната прес-конференција изјави дека разрешувањето на 12-те амбасадори претставува само еден чекор во правец на реформите кои претстојат во дипломатската служба.
Покрај Дедај, разрешени се и косовските амбасадори во Германија, Албанија, Чешка, Холандија, Унгарија, Хрватска, Словенија, Австралија, Црна Гора, Обединетите Арапски Емирати и Катар.